ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002 и „Службен весник на РСМ“ бр.202/24), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на четириесет и петтата редовна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам четириесет и петтата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 17 ти април 2025 година (четврток) во 12:00 часот во салата за седници на Советот на Општина Валандово.
За работа на четириесет и петтата редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Локална стратегија за млади на Општина Валандово (2025-2029);
- Предлог – Програма за измена и дополнување на програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Валандово за 2025 година;
- Информација за состојбата со имотот сопственост на Општина Валандово;
- Предлог – Одлука за давање на времено одржување и користење на недвижен имот сопственост на Општина Валандово на Здружение на пензионери Валандово – ЛК Удово;
- Предлог – Одлука за давање на времено одржување и користење на недвижен имот на КП бр.2874 КО Валандово запишан во Имотен лист 1038, сопственост на Општина Валандово;
- Предлог – Одлука за давање на времено одржување и користење на недвижен имот сопственост на Општина Валандово на Здружението за подобрување на квалитетот на животот во МЕСНА ЗАЕДНИЦА ПИРАВА, с.Пирава, Валандово;
- Предлог – Одлука за давање на времено одржување и користење на објект лоциран на КП бр.15328 КО Пирава,
- Годишен извештај за реализација на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион за 2024 година;