ФОЛК ФЕСТ ВАЛАНДОВО
Валандово е познaт по својот музички фестивал ФОЛК ФЕСТ. Фестивалот се одржува во месец мај секоја година. ФОЛК ФЕСТ се одржува во континуитет на богатата и долга музичка традиција во регионот. Започнал да се одржува од 1985 година и веќе многу години опстојува како нова традиција во државата. Од ФОЛК ФЕСТ Валандово се излезени голем број на хитови и многу познати пејачки имиња од македонската естрада.
Во 1989 година е изградена сала која брои 1.200 седишта, и во која веќе 19 години успешно се одржува манифестацијата. Секоја година се врши пренос од Македонската телевизија и фестивалот е гледан не само од домашната публика, туку и во дијаспората.
- ФОЛК ФЕСТ Валандово 2024 година (ЛИНК)
- ФОЛК ФЕСТ Валандово 2023 година (ЛИНК)
- ФОЛК ФЕСТ Валандово 2022 година (ЛИНК)
ХИД БАХ ШЕН ФЕСТ
Фестивалот на пролетни веселби ХИД- БАХ ШЕН ФЕСТ, е манифестација која постои од 1992 година и непрекинато се одржува секоја година во селото Чалакли, Валандово, во почетокот на месец мај. Самиот фестивал е истовремено прослава на пролетните празници, како дел од традицијата на турското население, но истовремено и промоција на турската култура и традициа, представена во повеќе форми. ХИДРЕЛЕЗ е празник кој го означува почетокот на новиот циклус во природата, на нејзината обнова, и затоа тој претставува апотеоза (обред на воздигнување), од што потекнува и мотото на фестивалот.
Фестивалот трае четири (4) дена и се состои од следниве содржини: фолклор, изложби на ракотворби и фотографии, концерти, театарски представи, традиционално пеливанско борење и фудбалски турнир.
Линк до facebook страна
- ХИД БАХ ШЕН ФЕСТ 2024 година (ЛИНК)
- ХИД БАХ ШЕН ФЕСТ 2023 година (ЛИНК)
- ХИД БАХ ШЕН ФЕСТ 2022 година (ЛИНК)