ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР

Знаменитости


Валандовската општина го зафаќа југоисточниот дел на Република Северна Македонија. Во целост е сместена во валандовската котлина, која иако од сите страни е заградена со планински гребени, благодарение на долината на реката Вардар и на доминантните превои кон Струмица, Дојран, таа е лесно пристапна и комуникативна, не само со соседните котлини, туку и за многу поширок географски простор. Функционалната поврзаност на општината е условена од природните услови, од една страна, а од друга од социо-економските фактори. Природните карактеристики овозможуваат развој на земјоделството, а воедно и овој простор го прави еден од најаграрните простори во нашата држава. Во него се застапени скоро сите растителни видови кои се карактеристични за Република Северна Македонија, како и одредени земјоделски видови кои се карактеристични само за Валандовскиот регион, како калинките, смоквите и јапонските јаболкa.

Родокрајната културна и историска традиција на градот на калинките, градот на ФОЛК ФЕСТ е многу богата и разновидна. Валандовската Котлина со својата природно географска положба и плодноста на земјиштето, била отсекогаш мета на разни освојувачи на овие простори, каде се вкрстувале разни култури, кои оставиле многу траги од непроценлива материјална и култура вредност, за што сведочат многуте археолошки наоди.

Исар Марвинци - археолошки локалитет, се наоѓа во близина на селото Марвинци, од левата страна на реката Вардар. Локалитетот преставува населба која датира од VII век п.н.е до IV век од н.е. Други позначајни локалитети во општината се: Археолошки комплекс „Валандово“ (Стакина чешма), Исар Кулата, Мелезник-Дедели и др.

Над градот Валандово, во падините на планината Плавуш, се наоѓа манастирот св. Ѓорги. За овој манастир најизворни и најверодостојни податоци дава патописецот Евлија Челебија, кој го опишува манастирот како прекрасно место, со прекрасни фрески насликани по ѕидовите и со голем број на калуѓери. Денеска оваа духовно место е честа мета за спокој и мир, како и засолниште на православни верници од цела држава.

Фестивалот на новосоздадени македонски песни во народен дух ФОЛК ФЕСТ Валандово, основан пролетта 1985 година претставува прв обид на организиран начин и осмислен пристап да се создаваат и продуцираат нови примероци на пронародни хитови и мелодии. Валандовскиот фестивал претставува нешто посебно во македонското народно творештво, во период од три децении создаде импозантно творештво од повеќе од 1000 нови македонски песни.

Фестивалот на пролетните веселби ХИД-БАХ ШЕН ФЕСТ, е манифестација која постои од 1992 година и непрекинато се одржува секоја година во селото Чалакли, а истата е дел и од УНЕСКО како нематеријалното културно наследство. Самиот фестивал е истовремено прослава на пролетните празници, како дел од традицијата на турското население, но истовремено и промоција на турската култура и традиција, претставена во повеќе форми. ХИДРАЛЕЗ е празник кој го означува почетокот на новиот циклус на природата, на нејзината обнова и затоа претставува апотеза (славење на животот), од што потекнува и мотото на фестивалот.

Манифестацијата „ВАЛАНДОВСКА РАКИЈАДА“ е традиционална манифестација која се оддржува 19 години, а истата е карактеристична само за Валандово и не постои никаде во Република Северна Македонија. Валандово е познато по вековната традиција на одгледување на лозјето, виното и ракијата, а валандовчани како врвни мајстори во својот занает секоја година го покажуваат  процесот на варење ракија и тоа го реафирмираат на организиран начин во денешно време.

Освен по богатството на културата, општина Валандово е препознатлива и по природните убавини, а како најатрактивни се Кочулските Водопади и Прстенските Водопади кои се наоѓаат на западната падинска страна на планината Беласица. Освен интересните хидро- морфолошки форми кои што ги има овој регион, важно е да се напомене дека изобилува и со останати геоморфолошки форми кои се интересни за посетителите, како на пример бројните карпести (денудациони) форми како и повеќе вековните чинари  кои што се неизбежен детал во туристичката понуда.


?

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР

Rolex Replica www.rolexgrade.me rolex replica watches
Baume & Mercier Replica Blancpain Replica Replica Breguet Watches breitling replica Breitling Avenger Replica Replica Watches Richard Mille Replica Watches Rolex Replica Watches Rolex Air King Replica Watches Rolex Cellini Replica Watches Rolex Submariner Replica Watches www.bestclonewatch.com Burgundy Vinyl Wraps Orange Car Wraps 3M Vehicle Wraps Avery Dennison Vinyl Wrap Nas Car Wraps Car Wraps