ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002 и „Службен весник на РСМ“ бр.202/24), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на четириесет и третата редовна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам четириесет и третата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 27 ми февруари 2025 година (четврток) во 12:00 часот во салата за седници на Советот на Општина Валандово.
За работа на четириесет и третата редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Годишна сметка на Буџетот на Општина Валандово за 2024 година;
- Годишен Извештај на Општина Валандово за 2024 година;
- Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Валандово за 2025 година;
- Завршна сметка на ЈП „Комунален сервис” Валандово за 2024 година;
- Финансиски извештај за работата на ЈП „Комунален сервис“ Валандово за 2024 година;
- Завршни сметки на СОУ„Гоце Делчев” Валандово за 2024 година;
- Завршни сметки на ООУ„Јосип Броз Тито” Валандово за 2024 година;
- Завршни сметки на ООУ„Страшо Пинџур” Јосифово за 2024 година;
- Предлог – Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина Валандово во 2025 година;
- Предлог – Елаборат за измена на елаборат за проценета штета од елементарна непогода: силно невреме проследено со пороен дожд, врнежи од град, грмежи и силен ветер која зафати дел од подрачјето на Општина Валандово на ден 02.07.2024 година.