ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ПОВОД 35 ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ - ФОЛК ФЕСТ ВАЛАНДОВО


Градоначалникот Перо Костадинов, заедно со уметничкиот директор, Живоин Глишиќ и водителскиот тандем Ирена Спировска и Ѓорги Калајџиев, одржаа прес конференција и го најавија 35 јубилејно издание на фестивалот на новосоздадени македонски песни „Фолк Фест Валандово 2022“.

Годинешното фестивалско издание ќе се одржи на 5 јуни (недела), со една натпреварувачка вечер, на која ќе бидат претставени 23 новосоздадени фолк композиции, кои денес беа распоредени преку жребување.

Изборот на победничка песна ќе го одлучува присутната публика во фестивалската сала „Јанко Узунов“ и стручно жири.

Во ревијалниот дел од фестивалската вечер, свој настап ќе има доајенката на македонската фолк песна, Блага Петреска.

Како најава на фестивалската програма, на 3 и 4 јуни, на градскиот плоштад во Валандово ќе настапат Горан и Ленче Кукиќ, Александар и Дац, Владо Јаневски и Љубојна, како реномирани изведувачи од македонската сцена.

Преку Фолк Фест - Валандово, ја продолжуваме традицијата наследена од нашите предци, изнедруваме нова вредност и оставаме трага зад нас.

Фестивалот има исклучително културолошко значење за државата и истиот е еден од симболите на нашата идентитетска посебност.

Влезници за фестивалот, од денес можат да се набават во Домот на култура „25 мај“ - Валандово.



?

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР

Rolex Replica www.rolexgrade.me rolex replica watches
Baume & Mercier Replica Blancpain Replica Replica Breguet Watches breitling replica Breitling Avenger Replica Replica Watches