Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на четириесет и осмата редовна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам четириесет и осмата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 21 Јуни 2021 година (понеделник) во 15,00 часот, во ООУ „Јосип Броз Тито“ Валандово.
За работа на четириесет и осмата редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог - Елаборат за проценета штета од елементарна непогода: СЛАНА;
- Финансиски извештај за работењето на ЈП Комунален сервис Валандово за периодот од 01.01 2021 година до 31.03.2021 година;
- Предлог - Заклучок за давање согласност на Одлуката за утврдување на цени на услуги за празнење на септички јами, црпење и отстранување на непречистени отпадни и фекални води;
- Извештај за оценка на перформансите на јавните расходи и финансиската одговорност (Public expenditure and financial accountability – PEFA) на Општина Валандово;
- Предлог – Одлука зa намера за реализација на проект со заем од Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП) и овластување за потпишување на Иницијален договор;
- Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Валандово за 2021 година;
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Годишната Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Валандово во 2021 година.
Совет на Општина Валандово