ПРВА - КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА
- Известување за јавност (објава)
Иницијативниот одбор на ден 09.09.2021 година ја свика првата - конститутивна седница на Локалното собрание на млади на Општина Валандово со дневен ред:
1. Избор на записничар на конститутивната седница на ЛСМ на Општина Валандово;
2. Избор на верификациона комисија;
3. Усвојување на извештајот на верификационата комисија;
4. Избор на претседавач/ка на ЛСМ на Општина Валандово;
5. Усвојување на Предлог-деловникот за работа на ЛСМ на Општина Валандово;
6. Одлука за распишување на јавен повик за Локален младински совет;
7. Разно.
За претседавач на ЛСМ на Општина Валандово беше избрана Софија Гетова од Здружението „Колектив Зет“.
На седницата беше усвоен Деловникот за работа на Собранието и беше донесена одлука за објавување на јавен повик за прелагање на членови на Локален младински совет на Општина Валандово кој ќе трае најмалку 10 денови.