Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Исар кај село Марвинци


Напомена: Виртуелната прошетка е најдобро прилагодена за поголем екран односно, персонален компјутер или лаптоп!


Изработил: kks.org.mk (Концепт за култура Скопје)


МАРВИНЦИ – Исар (Исар Кале) Марвинци е археолошки локалитет кој се наоѓа во непосредна  близина на село Марвинци. Местоположбата на локалитетот е на доминантниот  рид  југозападно над селото односно од левата страна на реката Вардар во насока север-југ по реката. Исто така во непосредна близина минува и стариот автопат кој ги поврзува северната со јужната граница. На  локалитетот се забележуваат, како населбата така и некрополата која  подолг  период  се истражува. За првпат локалитетот е  забележан во Првата  Светска  војна, кога се откриени  наоди  од железно време. Од археолошките  истражувања на локалитетот се забележува континуирано живеење од  VII век пред н.е. до VI век н.е.

Како први жители на овој локалитет, според  материјалните остатоци пронајдени од некрополите се јавуваат Пајонците. На месноста „Лисичин Дол“ во еден од гробовите е пронајдена и така наречената пајонска  свештеничка која ги нуди едни од најрепрезентативните  наоди од овој период во државата. Воедно, Пајонците се врзуваат и со најстарите  културни хоризонти кој се јавуваат  на локалитетот. Локалитетот континуирано опстанува и живее низ архајскиот, класичниот, хеленистичкиот, римскиот и доцноримскиот период. Овој антички град има  јака  местоположба  во Амфакситида кој ја контролирал вардарската магистрала (Via  Axia). Исто така  според градбите  и материјалните остатоци несомнено се работи за еден јако развиен и економски град. За првпат  овој град се споменува кај античкиот писател Тукидид, односно тој во опишувањето на Ситалковиот  поход ги набројува овие пајонски градови Добер и Идомене. Исто така е пронајден и римски миљоказ  на кој се испишани имињата на античките (Пајонските) градови Добер и Идомене  за  кои се претпоставува дека и двета града  се наоѓаат  во Валандовска  општина. Така во некои извори античкиот Идомене се претпоставува дека е градот на Исар Марвинци. Акрополата се наоѓа  на  зарамнетото плато на самиот рид, таа била заштитена со големи масивни бедеми кој пак ја штитат  градската администрација, објектите од јавен и култен карактер. Еден од најважните објекти на овој локалитет  е  Храмот кој бил подигнат  од  еден македонијарх завршен во 181г. н.е. Тој бил посветен на Херакле односно на иператорот Комод, кој по неговото владеење неговото име  било одстрането од архитравната греда, а храмот останал и продолжил да е во функција во понатамошното живеење.


?

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР

Rolex Replica www.rolexgrade.me rolex replica watches
Baume & Mercier Replica Blancpain Replica Replica Breguet Watches breitling replica Breitling Avenger Replica Replica Watches Richard Mille Replica Watches Rolex Replica Watches Rolex Air King Replica Watches Rolex Cellini Replica Watches Rolex Submariner Replica Watches www.bestclonewatch.com Burgundy Vinyl Wraps Orange Car Wraps 3M Vehicle Wraps Avery Dennison Vinyl Wrap Nas Car Wraps Car Wraps