Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 2-б и член 2-г од Уредбата со законска сила за примена на законот за локалната самоуправа за време на вонредна состојба („Службен весник на РСМ“ бр.84/20, 95/20 и 169/20), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 59 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам

 

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на четириесет и првата редовна седница

на Советот на Општина Валандово

 

Ја свикувам четириесет и првата редовна седница на Советот на Општина Валандово.

 

Седницата ќе се одржи на ден 30 ноември 2020 година (понеделник) во 14:00 часот, во Домот на културата „25-ти Мај“ Валандово.

 

За работа на четириесет и првата редовна седница го предлагам следниот:

 

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

1. Предлог -  Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Валандово за 2020 година;

2. Предлог -  Одлука за проширување на средствата во Буџетот на Општина Валандово за 2020 година;

3. Предлог - Одлука зa одобрување средства за реализација на програмски активности на Ракометен клуб „Младост“ - Богданци;

4. Предлог – Одлука за за основање на заедничко јавно претпријатие за

заловување и третман на бездомни кучиња;

5. Предлог – Одлука за давање согласност на ЈОУДГ „Калинка“ Валандово за организирање на работата со помал број на деца од законски утврдениот број;

6. Предлог – Заклучок за давање согласност на Развојниот план на ЈОУДГ „Калинка“- Валандово за периодот 2020 - 2023 година;

7. Предлог – Заклучок за давање согласност на Финансиски извештај за работењето на ЈП „Комунален сервис“ Валандово за периодот од 01.01.2020 до 30.09.2020 година;

8. Предлог – Заклучок зa давање согласност на Одлуката за утврдување на надоместок за приклучување на корисник во канализациониот систем за одведување на урбани отпадни води во град Валандово;

9. Предлог – Заклучок зa давање согласност на Одлуката за определување на висината на надоместок за одржување на гробишта (гробарина) за населено место Удово;

 

 

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО

Претседател

Владимир Марков   

 

 

      

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР