ЈАВЕН ПОВИК
Општина Валандово објавува јавен повик за избор на идејно решение за сценографија на ФОЛК ФЕСТ Валандово 2025 година, кој ќе се одржи на 25.05.2025 година во фестивалската сала „Јанко Узунов“ во Валандово.
При изработка на идејното решение да се има предвид следното:
- Да бидат вградени елементи кои одговараат на најсовремената ЛЕД технологија со вградени елементи (мотиви) автентични за Валандовското поднебје, како и елементи карактеристични за Фолк Фест во минатото;
- Простор за фестивалскиот оркестар кој ќе настапува на сцена во полн состав;
Понудите од идејното решение, со изработена макета од истото и 3Д макета, да се достават најдоцна до 17.03.2025 година до 15:00 часот на адреса: Општина Валандово ул. Иво Лола Рибар бр. 3, 2460 Валандово, со назнака „ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ФОЛК ФЕСТ ВАЛАНДОВО 2025“
Авторот во понудата да ја наведе вкупната цена која ја нуди за реализација на понуденото идејно решение.
ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Документи:
- Јавен повик (линк)