СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
На 26.11.2024 година, беше одржана 39 редовна седница на Советот на општина Валандово, на која беа донесени одлуки кои го уредуваат тековното работење на општинските институции.
Усвоен е финансискиот извештај за работењето на ЈП „Комунален сервис“ и изгласани се одлуки за превземање на комуналните дејности од јавен интерес во сите населени места, од страна на јавното комунално претпријатие.