ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002 и „Службен весник на РСМ“ бр.202/2024), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на триесет и деветтата редовна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам триесет и деветтата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 26 ти ноември 2024 година (вторник) во 15:30 часот во салата за седници на Советот на Општина Валандово.
За работа на триесет и деветтата редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог – Одлука за проширување на средствата во Буџетот на Општина Валандово за 2024 година;
- Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Валандово за 2024 година;
- Квартален финансиски извештај за работењето на ЈП „Комунален сервис” Валандово за период од 01.01.2024 година до 30.09.2024 година;
- Согласност на Одлуката за утврдување на надоместок за приклучување на корисник во водоснабдителниот систем за снабдување со вода за пиење во Валандово и населените места;
- Согласност на Одлуката за утврдување на надоместок за приклучување на корисник во канализациониот систем за одведување на урбани отпадни води во Валандово и населено место;
- Предлог – Решение за престанок на мандат и за именување на претставник на Општина Валандово во Училишниот одбор на ООУ „Страшо Пинџур“ с.Јосифово, Валандово;
- Предлог – Решение за престанок на мандат и за именување на претставник на Општина Валандово во Училишниот одбор на ООУ „Јосип Броз Тито“ Валандово.
-
Предлог - Одлука за пренесување на вршење на комуналните дејности од јавен интерес во населеното место Башибос, Кочули, Прстен и Калково,
Општина Валандово на ЈП “Комунален сервис“ Валандово;
-
Предлог - Одлука за пренесување на вршење на комуналните дејности од јавен интерес во населеното место с.Собри, Општина Валандово на
ЈП “Комунален сервис“ Валандово;
-
Предлог - Одлука за пренесување на вршење на комуналните дејности водоснабдување и одведување на отпадните води во населеното место Пирава, Општина Валандово
на ЈП “Комунален сервис“ Валандово;
Претседател
на Совет на Општина Валандово
Владимир Марков