Градоначалникот на Општина Валандово врз основа на член 50 став 1 точка 7 и точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002 и „Службен весник на РСМ“ 202/2024), член 36 став 1 алинеја 3 и алинеја 9 од Статутот на Општина Валандово објавува:
П О В И К
до граѓански организации за доставување на
годишни програми за 2025 година
Градоначалникот на Општина Валандово, како предлагач на Буџетот, ги повикува здруженијата на граѓани и невладините организации од Општина Валандово да ги достават своите годишни програми на активности за 2024 година, во кои се предвидува финансиска поддршка од општината.
Годишните програми на активности да се достават најдоцна до 11.11.2024 година, како би можела финансиската поддршка која се бара да биде разгледана и вградена во Предлог-Буџетот на Општина Валандово за 2025 година.
Со програмата за 2025 година, да се достави и наративен и финансиски извештај на потрошените средства што општината Ви ги има трансферирано за 2024 година.
Програмите заедно со наративниот и финансиски извештај да се достават:
- По пошта на адреса: Општина Валандово, ул.Иво Лола Рибар бр.3.
- Во архива на Општина Валандово.
ДОКУМЕНТИ:
- Јавен повик (Преземи pdf)