СООПШТЕНИЕ ЗА СТАВАЊЕ НА ЈАВЕН УВИД НА ЈАВНОСТА НА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН
Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр. 32/20), Градоначалникот на Општина Валандово го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА СТАВАЊЕ НА ЈАВЕН УВИД НА ЈАВНОСТА
НА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН
-Се става на увид на јавноста на Измена и дополна на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани, за фотонапонска електроцентрала на ГП 1.1, КП 2027/5, КП 2027/6 и КП 2027/7, КО Градец–вгр, Општина Валандово, изработен од Друштво за трговија, производство, градежништво, услуги и консалтинг ЧИП ГРОУП ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, со технички број 43-12/23 од Февруари 2024 година, со број на постапка на е-урбанизам 58933.
-Со овој урбанистички проект се опфаќа простор со површина од 11940.95m2.
- Измена и дополна на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани, за фотонапонска електроцентрала на ГП 1.1, КП 2027/5, КП 2027/6 и КП 2027/7, КО Градец–вгр, Општина Валандово, изработен од Друштво за трговија, производство, градежништво, услуги и консалтинг ЧИП ГРОУП ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, со технички број 43-12/23 од Февруари 2024 година, со број на постапка на е-урбанизам 58933, ќе биде објавен на ВЕБ страната на општина Валандово.
-Јавниот увид ќе трае (15 дена) од 06.03.2024 година до 21.03.2024 година.
-Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со Урбанистичкиот проект можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетен лист, во просториите на општина Валандово во одделението за урбанизам.
OПШТИНА ВАЛАНДОВО
ДОКУМЕНТИ:
- Соопштение (Преземи PDF)
- Урбанистички проект (Преземи PDF)