ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на дваесет и осмата редовна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам дваесет и осмата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 29 ти ноември 2023 година (среда) во 14:00 часот во салата за седници на Советот на Општина Валандово.
За работа на дваесет и осмата редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Валандово за 2023 година;
- Нацрт – Буџет на Општина Валандово за 2024 година;
- Предлог – Одлука за одобрување средства за реализација на програмски активности на Општинската Организација на Црвениот крст Валандово;
- Предлог – Правилник за организационата поставеност на „Фолк Фест“ Валандово;
- Предлог – Елаборат за измена на елаборат за проценета штета од елементарна непогода: луња и град која зафати дел од подрачјето на Општина Валандово;
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на Општина Валандово за 2023 година;
- Предлог – Програма за работа на Советот на Општина Валандово за 2024 година;
- Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник на Општина Валандово за член на Управниот одбор на Јавната општинска установа за деца Детска градинка „Калинка” Валандово;
- Предлог – Одлука за измена на Одлуката за формирање на Комисија за јавно осветлување и за избирање на претседател и на членови на комисијата.
Претседател
на Совет на Општина Валандово
Владимир Марков