ОПШТИНА ВАЛАНДОВО

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2  од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на дваесет и четвртата редовна седница

на Советот на Општина Валандово

 

Ја свикувам дваесет и четвртата редовна седница на Советот на Општина Валандово.

Седницата ќе се одржи на ден  21 ви  август 2023 година (понеделник) во ­­­12:00  часот во салата за седници на Советот на Општина Валандово.

За работа на дваесет и четвртата редовна седница го предлагам следниот:

 

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Валандово за извештајниот период (кумулативно) за квартал 01.01.2023 година до 30.06.2023 година;
  2. Годишен план за вработување на Општина Валандово за 2024 година;
  3. Информацијата за јавната безбедност и безбедност на сообраќајот на подрачјето на Општина Валандово во првите шест месеци од 2023 година;
  4. Годишен извештај за работата на ООУ “Јосип Броз Тито” Валандово за учебната 2022/2023 година;
  5. Годишна Програма за работа на ООУ „Јосип Броз Тито” Валандово за учебната 2023/2024 година;
  6. Годишен извештај за работата на ООУ “Страшо Пинџур” Јосифово за учебната 2022/2023 година;
  7. Годишна Програма за работа на ООУ „Страшо Пинџур” Јосифово за учебната 2023/2024 година;
  8. Годишен план за вработување на ЈОУДГ „Калинка” Валандово за 2024 година;
  9. Годишен план за вработување на ЈОУ Дом на културата „25-ти Мај” Валандово за 2024 година;
  10. Предлог - Одлука за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во СОУ „Гоце Делчев“ Валандово за учебната 2023/2024 година;
  11. Предлог – Одлука за одобрување на финансиски средства на ЈП ”Комунален Сервис” Валандово;
  12. Предлог – Одлука за одобрување на средства за финансиска поддршка за одржување на традиционален меморијален рок концерт „ЦАЛЕ 2023“ во с. Јосифово;
  13. Предлог – Одлука за одобрување финансиска помош за санирање на штета на индивидуална семејна куќа сопственост на Фатиме Ибраимова од с.Чалакли, Општина Валандово;
  14. Предлог – Одлука за одобрување средства за реализација на програмски активности на Општинскиот против – пожарен сојуз Доброволно противпожарно друштво Валандово;
  15. Предлог – Одлука за одобрување на финансиска поддршка  на Младински сојуз Крушево за реализација на фестивалот “Доживеј ја соработката”;
  16. Предлог – Решение за именување на вршител на должност член на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Комунален сервис“ Валандово;
  17. Предлог – Одлука за донесување план за парцелација за ГП 395 од ДУП Валандово на дел од КП 3039, КО Валандово;
  18. Предлог – Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на населено место Јосифово;

 

 

 

                                                                                                                        Претседател

                                                                                                    на Совет на Општина Валандово

                                                                                                                  Владимир Марков

?

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР

Rolex Replica www.rolexgrade.me rolex replica watches
Baume & Mercier Replica Blancpain Replica Replica Breguet Watches breitling replica Breitling Avenger Replica Replica Watches Richard Mille Replica Watches Rolex Replica Watches Rolex Air King Replica Watches Rolex Cellini Replica Watches Rolex Submariner Replica Watches www.bestclonewatch.com