ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на дваесет и втората редовна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам дваесет и втората редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 31 ви мај 2023 година (среда) во 11:00 часот во салата за седници на Советот на Општина Валандово.
За работа на дваесет и втората редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за сопствено учество во реализација на проектот „Туризмот – иднината на регионот“;
- Давање согласност на Одлуката за утврдување на надоместок за приклучување на корисник во канализациониот систем за одведување на урбани отпадни води во населеното место Удово;
- Давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈП “Комунален сервис” Валандово за населено место Удово;
- Давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП ”Комунален сервис” Валандово за населено место Удово;
- Предлог – Одлука за одобрување на финансиски средства на ЈП ”Комунален Сервис” Валандово;
- Предлог – Одлука за утврдување на надоместокот на штета предизвикана од каснување од бездомни животни;
- Предлог – Одлука за усвојување на Процена на загрозеност од природни непогоди, епидемии и други несреќи во административните простории на Општина Валандово;
- Предлог – Одлука за усвојување на План за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи во административните простории на Општина Валандово;
- Предлог – Програма за дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на Општина Валандово за 2023 година;
- Предлог – Одлука за извршување на техничка исправка на генерален урбанистички план на град Валандово;
- Годишен план за вработување на ООУ „Јосип Броз Тито” Валандово за 2024 година;
- Годишен план за вработување на ООУ „Страшо Пинџур” с.Јосифово, Валандово за 2024 година;
- Годишен план за вработување на СОУ „Гоце Делчев” Валандово за 2024 година;
- Предлог-Решение за избирање Командир на Полициска станица од општа надлежност Валандово.
Претседател
на Совет на Општина Валандово
Владимир Марков