ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на дваесет и првата редовна седница на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам дваесет и првата редовна седница на Советот на Општина Валандово. Седницата ќе се одржи на ден 28 ми април 2023 година (петок) во 15:00 часот во салата
за седници на Советот на Општина Валандово.
За работа на дваесет и првата редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Валандово за извештајниот период (кумулативно) за квартал 01.01.2023 година до 31.03.2023 година;
2. Предлог - Одлука за проширување на средствата во Буџетот на Општина
Валандово за 2023 година;
3. Предлог – Одлука за продажба на движна ствар сопственост на Општина
Валандово;
4. Предлог - Одлука зa финансиска подршка за покривање на трошоци на 30-тиот меѓународен фестивал пролетни веселби „ХИД БАХ ШЕН ФЕСТ“ – Чалакли, Валандово;
5. Предлог – Одлука за пренесување на вршење на комуналните дејности водоснабдување и одведување на отпадните води во населеното место Удово, Општина
Валандово на ЈП “Комунален сервис“ Валандово;
6. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на Општина Валандово за 2023 година;
7. Годишен извештај за реализација на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион за 2022 година;
8. Предлог – Одлука за поведување на постапка за ажурирање на Процената на
загрозеноста на подрачјето на Општина Валандово од сите ризици и опасности;
9. Меѓуопштински стратешки план за намалување на ризиците од катастрофи на
10. Предлог – Одлука за одобрување на средства за реализација на програмски активности на Општинската организација на Сојузот на борците на Македонија 1941-45 година и граѓани продолжувачи Валандово;
11. Предлог – Одлука зa одобрување на финансиска поддршка на Училишниот спортски клуб „Валандово“, за организација и реализација на “Мали олимписки игри” за основни училишта;
12. Предлог – Одлука зa одобрување финансиска поддршка по повод 6-ти мај Ѓурѓовден на Здружение за подобрување на квалитетот на животот во МЗ Пирава;
13. Предлог – Одлука зa продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на населено место Пирава, Општина Валандово.