ИНТЕРЕН ОГЛАС 01/2023


Врз основа на член 48 став 4 од Законот за административни службеници („Службен весник на РМ” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18 и („Службен весник на РСМ” бр.275/19, 14/20, 215/21 и 99/22) и член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/2015 и 35/2018), а согласно Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Валандово, број 01-608/3 од 10.07.2019 година, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Валандово, број 01-994/1 од 30.12.2020 година, Правилникот за изменување  на Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Валандово, број 01-474/1 од 26.05.2021 година, Правилникот за изменување на Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Валандово, број 01-700/1 од 20.07.2022 година, Правилникот за изменување на Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Валандово, број 01-1117/1 од 07.12.2022 година, Правилникот за изменување на Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Валандово, број 01-303/1 од 16.03.2023 година и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Валандово, број 01-353/1 од 29.03.2023 година, Одделението за правни и општи работи, јавни дејности и човечки ресурси на Општина Валандово, објавува

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2023

за унапредување на административни службеници во

администрацијата на Општина Валандово  

 

Општина Валандово објавува интерен оглас за унапредување на административни службеници во администрацијата на Општина Валандово, за следните работни места:

  1. 1.        

Реден број 16-а

Шифра УПР 01 01 В01 000

Назив: Советник за водење на постапка за јавни набавки

Организациона единица (одделение): Одделение за финансиски прашања и јавни набавки

 

Број на извршители: 1

 

Посебни услови за работното место:

 - степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Општествени науки, Други општествени науки (Финансиски менаџмент),

 - работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката.

 

 Посебни работни компетенции:

-          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и

-          активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски).

Други посебни услови:

-          Соодветна потврда за положен испит за лице за лице за јавни набавки.

Општи услови за работното место:

- да е државјанин на Република Северна Македонија;

- активно да го користи македонскиот јазик;

- да е полнолетен;

- да има општа здравствена способност за работното место;

- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

  1. 2.        

Реден број 16-б

Шифра УПР 01 01 В01 000

Назив: Советник за администрирање на приходи, буџетска координација и материјално         финансиско сметководство

Организациона единица (одделение): Одделение за финансиски прашања и јавни набавки

 

Број на извршители: 1

 

Посебни услови за работното место:

 - степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Општествени науки, Други општествени науки (Надворешна трговија),

 - работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката.

 

 Посебни работни компетенции:

-          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и

-          активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски).

Општи услови за работното место:

- да е државјанин на Република Северна Македонија;

- активно да го користи македонскиот јазик;

- да е полнолетен;

- да има општа здравствена способност за работното место;

- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

  1. 3.        

Реден број 22-б

Шифра УПР 01 01 В01 000

Назив: Советник - геодет

Организациона единица (одделение): Одделение за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и локален економски развој

 

Број на извршители: 1

 

Посебни услови за работното место:

 - степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Инженерство и технологија, Друго инженерство и технологии (Геодезија)

 - работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката.

 

 Посебни работни компетенции:

-          активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и

-          активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски).

Општи услови за работното место:

- да е државјанин на Република Северна Македонија;

- активно да го користи македонскиот јазик;

- да е полнолетен;

- да има општа здравствена способност за работното место;

- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

 

            На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во општинската администрација на Општина Валандово, кој покрај општите и посебните услови, треба да ги исполнува и следните услови:

- да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување;

- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас;

- да поминал најмалку две години на истото ниво и

- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

 

  Распоред на работно време:

 - неделно работно време: од понеделник до петок;

 - работни часови неделно: 40;

 - работно време: почеток на работно време помеѓу 7.00 и 8.00 часот и завршеток на истото помеѓу 15.00 и 16.00 часот, а со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

 

Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 28.741,00 денари.

 

Заинтересираниот административен службеник пополнетата пријава, како и доказите за податоците содржани во пријавата потребно е во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на интерниот оглас, во хартиена форма преку архивата на Општина Валандово, да ги достави до Одделението за правни и општи работи, јавни дејности и човечки ресурси, како и до службената електронска адреса на Одделението за правни и општи работи, јавни дејности и човечки ресурси administracija@valandovo.gov.mk

 Кон пријавата кандидатот може да приложи:

  • потврди за успешно реализирани обуки и/или
  • потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник).

            Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.

 Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата или за кој се утврди дека внел лажни податоци ќе биде дисквалификуван од натамошната постапка по овој оглас.


ПРИЛОГ:

ИНТЕРЕН ОГЛАС за унапредување на административен службеник (word) (pdf)

ПРИЈАВА за унапредување на административен службеник (word) (pdf)

 


 

 

                                                                                                                ОПШТИНА ВАЛАНДОВО

                                                                                                    Одделение за правни и општи работи,

                                                                                                                 јавни дејности и човечки 

?

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР

Rolex Replica www.rolexgrade.me rolex replica watches
Baume & Mercier Replica Blancpain Replica Replica Breguet Watches breitling replica Breitling Avenger Replica Replica Watches Richard Mille Replica Watches Rolex Replica Watches Rolex Air King Replica Watches Rolex Cellini Replica Watches Rolex Submariner Replica Watches www.bestclonewatch.com Burgundy Vinyl Wraps Orange Car Wraps 3M Vehicle Wraps Avery Dennison Vinyl Wrap Nas Car Wraps Car Wraps