Врз основа на член 113 и член 122 став 4 од Законот за животната средина (“Службен весник на РСМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 15/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и Сл. Весник на РСМ бр. 89/22 и 171/22) Градоначалникот на Општина Валандово врши:
ОБЈАВA
На Б Интегрирана еколошка дозвола на
ДПВ„РИГО ИМПЕКС“ ДОО Скопје – Инсталација винарија за производство на вино
Подносител на барањето:
Друштво за производство на вино „РИГО ИМПЕКС“ ДОО Скопје
Инсталација винарија за производство на вино
Адреса на подносителот:
Ул. Наум Наумовски – Борче бр.40, Скопје – Центар, Македонија
Овластен претставник:
Игор Маркудов
Категорија на инсталацијата:
Прилог 2
Обработка и преработка наменети за производство на храна од: растителни суровини, со капацитет на производство на готови производи од 30 до 300 t/ден (просечна вредности на квартална основа)
Целокупната документација содржана во барањето, програмата за подобрување на активностите за заштита и унапредување на животната средина кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација ќе бидат достапни за заинтересираната јавност во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Дозволата во дневен весник Слободен Печат и на web страна на Општина Валандово www.valandovo.gov.mk, во Одделението за урбанизам, комунални дејности, заштина на животната средина и ЛЕР во просториите на Општина Валандово, секој работен ден од 08:00-16:00 часот.
ДОКУМЕНТИ:
- Решение (pdf)
- Б - интегрирана еколошка дозвола (pdf)