ФИТНЕС ПАРК ВО ПИРАВА
Градоначалникот Перо Костадинов, заедно со директорот на АМС Наумче Мојсовски го посетија новиот фитнес парк во Пирава. Градоначалникот искажа благодарност до Агенцијата за млади и спорт за изградбата на овој фитнес парк кој е веќе комплетно ставен на располагање на граѓаните.
Паркот е во непосредна близина на фудбалското игралиште, со сет од осум справи, реквизити и партерно уреден простор. Истиот ќе ги подобри условите за спортски активности на децата и младите од населеното место.
Наредниот период продолжуваме со инвестиции во зони од спортско рекреативен карактер и во останатите населени места и создавање еднакви услови за спорт и рекреација насекаде.