ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА - ФОЛК ФЕСТ ВАЛАНДОВО 2023
Во Валандово беше одржана прес конференција поврзана со претстојното, 36 издание, на нашиот фестивал Фолк Фест Валандово 2023.
Фестивалот годинава ќе се одржи на 28 мај (недела), со една натпреварувачка вечер, на која ќе бидат изведени 20 новосоздадени фолк композиции, кои на прес конференцијата беа распоредени преку жребување.
На 26 и 27 мај, на градскиот плоштад во Валандово ќе се одржат две предфестивалски вечери на кои ќе настапат реномирани изведувачи од македонската и балканската музичка сцена.
Фолк Фест одигра историска улога во создавањето и зајакнувањето на нашиот идентитет. Преку истиот создаваме нова вредност и ја продолжуваме традицијата, која за нас, како валандовчани, е особено важна.
Влезници за фестивалот, можат да се набават во Домот на култура „25 Мај“ во Валандово.
Се гледаме на Фолк Фест2023.