🗺 ДОНЕСЕН Е ГЕНЕРАЛНИОТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ВАЛАНДОВО


📑 На денешната седница на Советот на општина Валандово, беше изгласана Одлука за донесување на Генерален урбанистички план на градот Валандово. Се работи за стратешки документ од исклучително значење за општината и идниот развој на градот Валандово.

Новиот ГУП за Валандово е сеопфатен документ кој предвидува развој на градот, во областа на индустријата, образованието, инфраструктурата, зелените површини и сите останати сфери од важност за граѓаните.

📤 Покрај Одлука за ГУП, Советот на општина Валандово на деветтата редовна седница освои завршни сметки на неколку институции, донесе одлуки и решенија од различни сфери на општинското работење и го утврди Правилникот за одржување на годинешниот „Фолк Фест“ Валандово, како фестивал од исклучително културолошко значење за нашата општина и држава.

🙌 Заеднички поставуваме цели, креираме иднина за локалната заедница и плански ја развиваме.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР