ОПШТИНА ВАЛАНДОВО

             Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2  од Статутот на Општина Валандово и член 59 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на деветтата редовна седница

на Советот на Општина Валандово

 

Ја свикувам деветтата редовна седница на Советот на Општина Валандово.

Седницата ќе се одржи на ден 30 март 2022 година (среда) во 12,00 часот, во салата за седници на Советот на Општина Валандово.

За работа на деветтата редовна седница го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

1. Предлог - Одлука за донесување на Генерален урбанистички план на Град Валандово, Општина Валандово;

2. Завршни сметки на  СОУ„Гоце Делчев” Валандово за 2021 година;

3. Завршни сметки на  ООУ„Јосип Броз Тито” Валандово за 2021 година;

4. Завршни сметки на  ООУ„Страшо Пинџур”  Јосифово за 2021 година;

5. Завршни сметки на  ЈОУДГ „Калинка” Валандово за 2021 година;

6. Одлука на УО на ЈП „Комунален сервис” Валандово  за утврдување на цени на услуги за работа со ровокопач;

7. Одлука на УО на ЈП „Комунален сервис” Валандово за отпис и расходување на основни средства и ситен инвентар;

8. Предлог – Одлука за пренесување на користење, одржување и управување на извршените реконструкции на oбјектот Детска градинка „Калинка“ Валандово, на Јавната општинска установа за деца - Детска градинка „Калинка“ Валандово, Општина Валандово;

9. Предлог – Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина Валандово во 2022 година;

10. Предлог – Решение за разрешување и за избирање на претседател и на член на Советот за јавно здравје на подрачјето на Општина Валандово; 

             

                                                                                                                Совет на Општина Валандово

                                                                                                                                Претседател

                                                                                                                            Владимир Марков

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР