ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на петнаесеттата редовна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам петнаесеттата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 31 ти октомври 2022 година (понеделник) во 12:00 часот во салата за седници на Советот на Општина Валандово.
За работа на петнаесеттата редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Валандово за извештајниот период (кумулативно) за квартал 01.01.2022 година до 30.09.2022 година;
- Квартален финансиски извештај за работењето на ЈП “Комунален сервис” Валандово за период од 01.01.2022 година до 30.09.2022 година;
- Предлог - План на програмите за развој;
- Предлог – Одлука за одобрување на средства за санирање на штета на индивидуална семејна куќа сопственост на фамилија Јанакиеви од с.Марвинци;
- Предлог – Одлука за одобрување на средства за реализирање на активности на Општинскиот Противпожарен Сојуз Валандово;
- Предлог - Одлука за прифаќање на донација од Општински фудбалски сојуз Валандово;
- Предлог – Програма за oдржување на локалните патишта и улици во Општина Валандово во 2022/2023 година во зимски услови;
- Предлог- Елаборат за проценета штета од елементарна непогода: луња и град која зафати дел од подрачјето на Општина Валандово;
- Предлог – Одлука за прифаќање на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Валандово и Општина Дојран;
- Предлог – Одлука за доделување на наградата „6-ти Ноември” и годишното признание на Советот на Општина Валандово по повод празникот на општината.
Претседател
на Совет на Општина Валандово
Владимир Марков