Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на единаесеттата редовна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам единаесеттата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 30 мај 2022 година (понеделник) во 12:00 часот во салата за седници на Советот на Општина Валандово.
За работа на единаесеттата редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог - Одлука за проширување на средствата во Буџетот на Општина Валандово за 2022 година;
- Предлог – Одлука за сопствено учество во реализација на проектот „Туризмот – иднината на регионот“;
- Предлог – Одлука за определување зони и пресметковни бодови за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот (објекти) на подрачјето на Општина Валандово;
- Предлог – Одлука за определување на просечна цена за утврдување на пазарна вредност на градежното (неизградено и изградено) земјиште на подрачјето на Општина Валандово;
- Предлог – Одлука за определување на просечната цена за утврдување на пазарната вредност на земјоделско земјиште, шуми и пасишта на подрачјето на Општина Валандово;
- Предлог – Одлука зa одобрување средства на Здруженија на граѓани за реализација на програмски активности во 2022 година;
- Предлог – Одлука за отстапување на новоизградениот канализационен систем во населено место Раброво на ЈП “Комунален сервис” Валандово;
- Одлука на Управен одбор на ЈП “Комунален сервис” Валандово за утврдување на надоместок за приклучување на корисник во канализациониот систем за одведување на урбани отпадни води во населено место Раброво;
- Предлог – Одлука за отстапување на движни ствари на ЈП “Комунален сервис” Валандово;
- Одлука на Управен одбор на ЈП “Комунален сервис” Валандово за донесување ценовник за услуги на ЈП “Комунален сервис”;
- Квартален финансиски извештај за работењето на ЈП “Комунален сервис” Валандово за период од 01.01.2022 година до 31.03.2022 година;
- Информација за состојбите со дивите депонии во Општина Валандово;
- Предлог – Програма за дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на Општина Валандово за 2022 година;
- Предлог – Одлука за усвојување на почетниот биланс, годишните сметки за 2021 и 2022 година и Извештајот за материјално и финансиско работење на Заедничкото јавно претпријатије за заловување на бездомни кучиња „АСТРА-ЛУНА” – Струмица - во ликвидација;
- Предлог – Одлука за бришење од Трговскиот регистар на Заедничкото јавно претпријатије за заловување на бездомни кучиња „АСТРА-ЛУНА” – Струмица - во ликвидација и за разрешување на ликвидатор на Заедничкото јавно претпријатије за заловување на бездомни кучиња „АСТРА-ЛУНА” – Струмица - во ликвидација;
- Програма за изведување на слободни активности настава во природа за учениците од V одделение при ООУ „Јосип Броз Тито“ Валандово во учебната 2021/2022 година;
- Предлог – Одлука за формирање на Совет за превенција на детско престапништво на Општина Валандово.
Претседател
на Совет на Општина Валандово
Владимир Марков