Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2  од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам

 

 

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на десеттата редовна седница

на Советот на Општина Валандово

 

 

Ја свикувам десеттата редовна седница на Советот на Општина Валандово.

Седницата ќе се одржи на ден 21 Април 2022 година (четврток) во 11,00 часот во  салата за седници на Советот на Општина Валандово.

За работа на десеттата редовна седница го предлагам следниот:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

  1.  Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Валандово за извештајниот период (кумулативно) за квартал 01.01.2022 година до 31.03.2022 година;

 

  1. Годишен извештај за реализација на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион за 2021 година;

 

  1. Предлог – Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на Општина Валандово;

 

  1. Предлог – Одлука за одобрување на финансиска помош на Љубица Атанасова од Валандово, редовен студент во петта година на Медицински факултет во Скопје, за учество на научен конгрес ISCOMS (Internacional Student Congress of Medical Sciences) во Гронинген, Холандија.

 

 

 

 

                                                                               

Совет на Општина Валандово

Претседател

Владимир Марков

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР