ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 24 став 1 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 5 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на првата вонредна седница
на Советот на Општина Валандово
Свикувам вонредна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 30 ти ноември 2022 година (среда) во 13:30 часот во салата за седници на Советот на Општина Валандово.
За работа на првата вонредна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог – Одлука за донесување на урбанистички план за село Раброво, Општина Валандово.
Совет на Општина Валандово
Претседател
Владимир Марков