СПОДЕЛУВАМЕ ЕВРОПСКИ ВРЕДНОСТИ И ГРАДИМЕ НОВИ ПРИЈАТЕЛСТВА


📓 Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов одржа работен состанок со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, на кој разговараа за важноста на евроинтеграцијата за единицата на локалната самоуправа, реализираните капитални проекти со поддршка на ЕУ фондовите, како и за можностите за поврзување со ЕУ.

🖇 Општина Валандово е поврзана со неколку локални самоуправи од ЕУ, активно ги користи расположливите фондови од унијата а, во моментов го предводи и процесот за младинско вмрежување со млади од Р. Грција, преку инфо центарот „Спојувалка“ како дел од мрежата на Youth Alliance.

👋 Споделуваме европски вредности и му се отвараме на светот со сета наша посебност. Новите пријателства, за нассе нови можности. ЕУ интеграциите се патот кој нуди развој, ја враќа надежта кај граѓаните и овозможува подобра заедничка иднина за сите во нашата држава.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР