ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВА УЛИЦА ВО ЈОСИФОВО


Градоначалникот Перо Костадинов и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, одржаа работен состанок и ја посетија улицата „Моша Пијаде“ во Јосифово, на која од вчера започнаа градежните активности. 

Се работи за локална улица која го поврзува населеното место со регионалниот пат и локалниот пат кон Калково. Истата е со должина од 400 метри, ширина од 5.5 метри и предвидени тротоарски површини и канализирање на атмосферските води.

Изградбата на ова улица овозможува нов сообраќаен влез за Јосифово, решавање на значаен инфраструктурен проблем на граѓаните и подобри услови за живот таму.

Реализацијата на оваа капитална инвестиција се спроведува од страна на Министерството за транспорт и врски, како дел од проектот за „Поврзување локални патишта во општините“.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР