СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТ


Почитувани граѓани и медиуми,

По повод текстовите на новинарот Ване Трајков, со наслов „Фолк Фест Валандово не доби пари од Министерството за култура оти општината аплицирала на погрешен конкурс“, кои беа објавени во текот на вчерашниот ден го изјавуваме следново:

Општина Валандово, годинава како и сите претходни години аплицира на конкурсите од Министерството за култура во делот на манифестации и фестивали од музичка и музичко - сценска дејност, во која Фолк Фест Валандово како манифестација припаѓа.

За одржување на годинешниот Фолк Фест - Валандово, општината има поднесено апликации во конкурсот за финансирање на манифестации и фестивали од музичка и музичко - сценската дејност како и во конкурсот за град на културата во 2022 година. Двете апликации се целосно исправни и по истите очекуваме одговор.

Поради објавувањето на оваа вест од страна на наведениот новинар, без притоа да се побара одговор и од општина Валандово, како што е побарано од Министерството за култура, сметаме дека истата е непрофесионална и тенденциозна.

Фолк Фест - Валандово е еден од симболите на нашата заедница, кој опстојува децении и традиција која се негува и надградува генерации наназад. Фестивалот создавал и ќе продолжи да создава вредности од областа на културата кои се од исклучителна важност за македонскиот идентитет.

Одржувањето на Фолк Фест - Валандово 2022 година воопшто не е доведено во прашање, а поради тоа што фестивалот годинава одбележува 35 години јубилеј и истиот е од врвен национален интерес, од Министерството за култура очекуваме и зголемена поддршка.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР