🙌 СЕКОЕ ДЕТЕ ЗАСЛУЖУВА ЉУБОВ
💬 Денес градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, разговараше со Александра Мојсова и Жарко Трајковски од СОС Детско село за договорената вклученост на општина Валандово во кампањата за подигање на свеста за згрижување на деца и промовирање на националната стратегија за деинституционализација.
👪 Проектот „Унапредување на системски недостатоци - Поддршка на реформите во системот за заштита на деца“, кој го спроведува СОС Детско село, предвидува општествена мобилизација за подигање на свеста за важноста на програмата за згрижување на деца и иницира создавање систем за одржување на врските на децата со семејството, заедницата и културното потекло.
📣 На секое дете му е потребно семејство и заслужува љубов. Згрижувачките семејства, вршат благородна мисија и креираат радост во заедницата. На крај градоначалникот Костадинов испрати искрена честитка за храброста на сите наши сограѓани кои згрижиле деца до сега и ги охрабрува останатите да го следат нивниот пример.