РЕПРОЦЕНА НА ИМОТ ВО ОПШТИНА ВАЛАНДОВО


Од 19.05.2022 год. започна административната постапка за репроцена на пазарната вредност на недвижниот имот во општината. Целта на процесот е утврдување на реална основа за оданочување и праведност во заедницата.

Репроцената, ќе биде спроведена од стручна комисија од редот на општинската администрација, на секој недвижен имот, во сите населени места од општината, со цел утврдување на фактичката состојба на имотот, евидентирање на промените кои се случиле од последната репроцена и праведно формирање на даночната основа.

Постапката за репроцена на недвижен имот се одвива согласно законот за даноци на имот, по претходно утврдена методологија од страна на Министерството за транспорт и врски.

Согласно утврдениот распоред, процесот започна во Башибос, а во текот на месец јуни ќе продолжи во населените места Раброво, Чалакли, Дедели, Собри, Прстен, Казандол и Кочули.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР