ЈАВЕН ПОВИК
Општина Валандово објавува јавен повик за давање на идејно решение за сценографија на ФОЛК ФЕСТ Валандово 2022 година.
При изработка на идејното решение да се има предвид следното:
- Да бидат вградени елементи кои одговараат на најсовремената ЛЕД технологија со вградени елементи (мотиви) автентични за Валандовското поднебје;
- Простор за фестивалскиот оркестар кој ќе настапува во живо во полн состав;
Понудите од идејното решение, со макета од истото, да се достават најдоцна до 31.03.2022 година до 15:00 часот на адреса: Општина Валандово ул. Иво Лола Рибар бр. 3, 2460 Валандово, со назнака „ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ФОЛК ФЕСТ ВАЛАНДОВО 2022“
Авторот во понудата да ја наведе вкупната цена која ја нуди за реализација на понуденото идејно решение.
ОПШТИНА ВАЛАНДОВО