НОВА МЕРКА ЗА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНИТЕ
🗂 Воведуваме нова еднократна парична помош во висина од 20.000 денари, за семејствата со лице со попреченост од општина Валандово.
Мерката ќе започне со реализација во тековната 2022 година и право на користење на истата ќе имаат сите семејства во кои има лице со попреченост.
📂 Покрај ова мерка, општина Валандово претходниот период воведе и еднократна парична помош за:
🔹 првачиња;
🔸 социјално загрозени граѓани;
🔹 новороденчиња;
Додека пак за наредниот период, планирана е и мерка која ќе ги подджи самохраните родители од општината.
🙌 Развојот на заедницата може да се обезбеди единствено преку целосна инклузија, силна емпатија и безусловна солидарност, како основни човекови вредности.
Да се обединеме во човечноста 🤝