🎨 ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ЗДРУЖЕНИЕТО ИСЧЕКОР - ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ


🖋 Градоначалникот на Општина Валандово Перо Костадинов, заедно со претседателката на Здружението на граѓани ИСЧЕКОР - ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ - Валандово, Марија Карамучева Узунова, потпишаа Меморандум за соработка во областа на човековите права.

🗒 Целта на Меморандумот е иницирање на активности и проекти во нашата локална заедница кои ќе ги промовираат и унапредат човековите права и ќе создадат систем на заштита на истите.

Соработката ќе се одвива преку заеднички проекти од областа на:

🔹 еднаквоста и недискриминација;
🔸 говорот на омраза;
🔹 социјалната инклузија;
🔸 почитување и менаџирање со различности;
🔹 социјалната кохезија;
🔸 социјалната правда;
🔹 родовата еднаквост;
🔸 одржливиот локален развој;
🔹 мултикултурализмот и
🔸 јавните кампањи;

🤝 Иницираме вмрежаност на локалната самоуправа со граѓанскиот сектор, поставуваме заеднички цели и преку взаемна доверба и силни партнерства ја унапредуваме заедницата.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР