ОДЛОЖЕНО ВТОРОТО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ ВОЗРАСНИ КОМАРЦИ ПОРАДИ НЕПОВОЛНИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ
Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека СЕ ОДЛОЖУВА второто прскање против возрасни комарци кое беше предвидено да се изврши на 25 и 26 Јули 2022 година.
Прскањето се одложува поради неповолни временски услови т.е појава на врнежи во предвидениот период, затоа истото се планира да се спроведе во текот на неделата.
Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека по одложеното второ прскање кое беше предвидено за 25 и 26 Јули 2022 година, авионската дезинсекција против возрасни комарци се поместува за наредниот ден со следниот распоред:
• На 26.07.2022 (Вторник), во општините Струмица и Гевгелија;
• На 27.07.2022 (Среда), во општините Богданци, Босилово, Василево, Валандово, Дојран, Конче, Ново Село и Радовиш.
Доколку временските услови се неповолни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат подобри.
Ги известуваме пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства во период од 04.30 до 10.00 часот.
Извор: southeast.mk