ПРВО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ ВОЗРАСНИ КОМАРЦИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ЈУГОИСТОЧНИОТ РЕГИОН
Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 22 и 23 Јуни 2022 година, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни комарци со следниот распоред:
На 22.06.2022 (Среда), во општините Струмица и Гевгелија;
На 23.06.2022 (Четврток), во општините Богданци, Босилово, Василево, Валандово, Дојран, Конче, Ново Село и Радовиш.
Доколку временските услови се неповолни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат подобри.
Ги известуваме пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства.
Повеќе информации на следниот линк.
Извор: southeast.mk