💳 ЗАПОЧНА ИСПЛАТАТА НА СРЕДСТВА ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТИ ОД ЕЛЕМЕНТАРНИ НЕПОГОДИ
Општина Валандово ја започна исплатата на средства за надомест на штети од елементарни непогоди во нашата општина за периодот 2020/21 година.
🗃 Средствата се обезбедени со одлука на Владата од Резервите на државниот Буџет и истите имаат за цел да ја надоместат претрпената штета на нашите земјоделци од:
🔸 град - јуни 2020 година
🔹 слана - април 2021 година
📑 Ќе бидат исплатени близу 37 милиони денари на 469 граѓани од општина Валандово, кои претрпеле штета од невремето во наведените два наврати.
Штетите се нанесени на земјоделски култури и на градежни објекти на физички и правни лица од општината.
🙌 Заеднички се справуваме со предизвиците, си помагаме и продолжуваме кон нови цели.