✒ ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ИЗГРАДБА НА ИНКЛУЗИВНО ИГРАЛИШТЕ ВО ВАЛАНДОВО


📑 Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, заедно со Заменик амбасадорот и раководител на одделот за економија на Германската амбасада, Ото Граф, претседателката на Здружението на граѓани ИСЧЕКОР - ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ - Валандово Марија Карамучева Узунова, вчера, 20.04.2022 година, потпишаа договор за изградба на инклузивно детско игралиште во Валандово.

🧩 Детското игралиште, има за цел да ја подигне свеста за различностите на повисоко ниво, да овозможи место за игра на децата со попреченост со останатите деца и да направи уште еден чекор напред кон поголема инклузија во нашата заедница.

💙 Градоначалникот Костадинов изразуи благодарност кон амбасадата на СР Германија и здружението ИСЧЕКОР - ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ, за иницијативата. Валандово е заедница на граѓани со големи срца. Го сакаме светот обоен, ја отфрламе едноличноста и се надополнуваме во различностите.

Нека има радост за сите 🙌



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР