🚮 ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ВО ВАЛАНДОВО
♻️ Градоначалникот Перо Костадинов, заедно со Гордана и Ханес од компанијата Man And Mountain, потпишаа меморандум за соработка и организирање еко акција под називот „Генералка Викенд“ во Валандово.
🌳 Генералка викенд, е организирана еко акција, за чистење на сопствената околина и засадување нови садници дрва, по принципот едно дрво за секои 10 килограми собран отпад и истата се реализира во повеќе општини. Целта е да се собере што е можно повеќе отпад, да се засадат нови дрва и да се подигне свеста за животната средина.
📍 Акцијата, ќе се одржи на 6 мај (петок), и во неа ќе можат да се вклучат сите граѓани, кои сакаат да покажат пример за одговорност во својата заедница. Наредните денови, ќе бидат објавени и останатите детали за истата.
🍃 Преку еколошка обнова, рециклирање на отпадот и воспоставување на одржлив еко систем, создаваме нова зелена иднина и здрави животни навики за наредните генерации.