♻️ ОБЕЗБЕДЕНИ ДОПОЛНИТЕЛНИ СРЕДСТВА ЗА ИЗГРАДБА НА ВОДОВОДОТ ВО КАЛКОВО


📥 Општина Валандово обезбеди дополнителни средства во висина од 5.000.000 денари за изградба на уште еден дел од проектот за нов водоснабдителен систем на населеното место Калково.

Средствата се обезбедени од Министерството за транспорт и врски и со истите ќе се изгради:
🔸 доводен цевковод од резервоар до разводната цевководна мрежа со должина од 1072 метри;

📥 Претходно, беа обезбедени средства преку Светска банка, за изградба на:
🔹 каптажен зафат на изворската вода;
🔹 нов резервоар со зафатнина на мокра комора од 150 кубни метри;

🤝 Партнерски со централната власт, решаваме долгогодишни проблеми во нашата општина и ја унапредуваме заедницата.

Преку дијалог, поставуваме приоритети, се посветуваме на истите и системски ги подобруваме состојбите.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР