ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО БАЛИНЦИ


Денес, започна изградбата на нова улица во Балинци која ги поврзува централниот дел од населеното место со Горна мала и решава уште еден суштински проблем на граѓаните.

Улица е со должина од 700 метри, ширина од 4 метри и има предвидено решение за атмосферските води.

Претходниот период, овде реализиравме:
🔹 канализационен систем,
🔹 ново ЛЕД осветлување и
🔹 корпи за отпадоци и контејнери, со што беа вклучени во организираниот систем за собирање отпад во општината.

Со изградбата на оваа улица, како и со реализацијата на останатите проекти значајно се подобруваат условите за живот во ова населено место, се отстрануваат неправдите од минатото и рамномерно се распределуваат јавните средства.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР