🚩 НОВА ИНФРАСТРУКТУРА ВО БАЛИНЦИ


📑 Вчера, 03.05.2022 година, започна постапка за изградба на нова улица во Балинци и со тоа заеднички решаваме уште еден суштински проблем на граѓаните кои живеат таму.

Се работи за улица која ги поврзува централниот дел од населеното место со Горна мала, со должина од 700 метри, ширина од 4 метри и со предвидено решение за атмосферските води.

👨‍👩‍👧‍👦 Со изградбата на ова улица, се решава најголемиот преостанат инфраструктурен проблем на повеќе од 40 домаќинства и значајно се подобруваат условите за живот на граѓаните од ова населено место.

🙌 Инвестираме рамномерно во сите населени места и отстрануваме неправди. Граѓаните од Балинци заслужуваат праведен пристап во распределбата на јавните средства и еднакви услови со останатите.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР