РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ООУ „СТРАШО ПИНЏУР“ ЈОСИФОВО ВО ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСЕН ОБЈЕКТ


Со поддршка на Министерството за образование и наука, започнати се градежни активности за реконструкција на ООУ „Страшо Пинџур“ во Јосифово и негова целосна трансформација во енергетски ефикасен објект.

Предвидени се следниве активности:
- изработка на енергетски ефикасна, термички изолирана фасада,
- реконструкција на училишните санитарии,
- адаптација на училишните тоалети за пристап на лица со попреченост.

Исто така, за кратко ова училиште, ќе добие и фотоволтаични соларни централи, кои ќе го користат сонцето како обновлив извор на енергија и значајно ќе ја зголемат економичноста при експлоатација на сопствените објекти. Истите, ќе бидат имплементирани со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено Општество Македонија.

Заеднички, создаваме енергетско независни образовни институции, мапираме приоритети и соодветно се справуваме со предизвиците со кои се соочуваме, како заедница.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР