ИНВЕСТИЦИИ ВО ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА УЧИЛИШТАТА ВО ВАЛАНДОВО


Започнува реконструкција на ООУ „Страшо Пинџур“ во Јосифово и негова трансформација во енергетски ефикасен објект.

Овој градежен зафат е дел од проектот на Министерството за образование и наука, за реконструкција на средни и основни училишта и истиот има за цел да ги поддржи училиштата, во пресрет на зимскиот период и недостатокот на енергенси во Европа.

Исто така, преку општински ресурси и во соработка со Фондацијата Отворено Општество Македонија започната е изработка на проектна документација и следува поставување на фотоволтаични соларни централи на кровните конструкции на најголемите училишни објекти во општината.

На овој начин, создаваме енергетско независни образовни институции, се инвестира по приоритет и се овозможува функционален образовен процес за периодот кој претстои.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР