ПОВИК
до граѓански организации за доставување на годишни програми за 2023 година
Градоначалникот на Општина Валандово, како предлагач на Буџетот, ги повикува здруженијата на граѓани и невладините организации од Општина Валандово да ги достават своите годишни програми на активности за 2023 година, во кои се предвидува финансиска поддршка од општината.
Годишните програми на активности да се достават најдоцна до 10.11.2022 година, како би можела финансиската поддршка која се бара да биде рагледана и вградена во Предлог-Буџетот на Општина Валандово за 2023 година.
Со програмата за 2023 година, да се достави и наративен и финансиски извештај за потрошените средства што Општина Валандово Ви ги има трансферирано за 2022 година.
Програмите заедно со наративниот и финансиски извештај да се достават:
•По пошта на адреса: Општина Валандово, ул. Иво Лола Рибар бр.3 или
•Во архивата на Општината
ДОКУМЕНТИ:
- Повик (pdf)