МЛАДИ ЛИДЕРИ ОД САД ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО


Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, изрази огромна чест и задоволство што имаше можност да разговара со младите политички лидери од Демократската и Републиканската партија од САД, кои се денес во посета на општина Валандово, преку програмата American Council of Young Political Leaders.

На состанокот, се разговараше за социо - економската состојба на општината, нејзините компаративни предности, предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, како и интенцијата на заедницата за отворање кон светот и градењето нови пријателства.

„САД се нашиот најзначаен стратешки партнер, децении наназад. Учиме од нив и ги следиме воспоставените демократски стандарди кои ги постигнале. Пријателствата од ваков тип, се нашата вредност. Ги негуваме истите, ги продлабочуваме и заеднички напредуваме.“ - истакна градоначалникот Костадинов.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР