30 ГОДИНИ „ХИД БАХ ШЕН ФЕСТ“


Градоначалникот Перо Костадинов, на состанокот со претседателот на меѓународниот фестивал на пролетни веселби „ХИД БАХ ШЕН ФЕСТ“, д-р. Шенол Тахир и членот на претседателството, проф. Сељами Тахир разговараа за наредното издание на фестивалот и одбележувањето на 30 годишниот јубилеј од неговото првично организирање, кој ќе се реализира следната година.

Истовремено најавија и одбележување на 40 години постоење на меѓународниот пеливански турнир, како важен дел од традицијата.

Фестивалот е од исклучително значење за нашата заедница. Х'дрелезните веселби, се дел од светското нематеријално културно наследство на УНЕСКО и ја промовираат културолошката посебност и пријателството на овие простори .

Обичаите Х'дрелез, согласно традицијата се организираат во природа, опкружени со првото зеленило, цветни дрвја и ливади. Истите, на оригинален начин ја поздравуваат пролетта, го слават животот и си посакуваат богат род и благосостојба во семејствата наредниот период.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР