🎈 МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦАТА СО ДАУНОВ СИНДРОМ


🔖 Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, заедно со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, д-р Димитар Гетов, Анче Туфекчиева од Здружението „Вера“ и менторката за родова еднаквост Светлана Мазгалоска Вучетиќ, вчера учествуваше на јавна дебата по повод 21 Март - Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром.

Настанот беше во организација на Здружението на граѓани „Исчекор - Општество за сите“ од Валандово и на истиот се дебатираше по следните теми:

🔹 Што превзема државата од областа на социјалната заштита за да се подобри животот на лицата со попреченост? ;
🔸 Секојдневните битки со кои се соочуваат семејствата на лицата со попреченост;
🔹 Медицински аспект на Даунов синдром;
🔸Успешни приказни за самовработување на лицата со попреченост;

👋 Големината на една заедница, се мери по нејзината спремност да вклучува. Отворено разговараме за сите прашања во општеството и бараме решенија. Нема забранети теми, ги отфрламе предрасудите и даваме шанса на секого. Сакаме свет на еднакви шанси и многу бои.



КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР